Македонската царина заплени автомобил приспособен за криење стока

Царинската управа на Северна Македонија соопштува дека во последните неколку дена спречени се обиди за криумчарење разновидна стока, при што во еден случај е запленет специјално дизајниран, адаптиран и прилагоден автомобил за криење на стоката.

„Во соработка со МВР, Службата за мобилни скенери откри случај кога автомобил со германски регистарски таблички е конструиран, адаптиран и приспособен специјално за криење на стоката. Случајот бил откриен на излезот од граничниот премин Табаноц, каде со мобилен скенер бил извршен скенирање на автомобилот, при што биле откриени бункери на прагот. Возилото е привремено одземено, додека возачот на возилото, државјанин на Македонија, ќе биде пријавен до надлежниот суд за прекршување на царинските правила“, велат од Царината.

Оттаму соопштуваат дека се запленети околу 130 облека и обувки во куфери и торби сместени во багажникот на автомобилот со македонски регистарски таблички, со кој двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.