Амбасадорот на Северна Македонија во Токио, Горан Цеков е отповикан, потврди денеска Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.
Неофицијално, според македонските медиуми, причина за повлекувањето на амбасадорот Цеков од Јапонија се обвинувањата на две жени со кои соработувал за недолично однесување, односно сексуално вознемирување.
Амбасадорот на Северна Македонија во Јапонија е отповикан на предлог на Министерството за надворешни работи „поради незадоволителни резултати и работи кои им штетат на државните интереси“.
Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за отповикување, а амбасадорот Цеков има рок од пет дена да се врати во Скопје, објави телевизија Телма.