МАКРОН НАПАДНАТ ВО АМСТЕРДАМ! Претседателот на Франција нема мир ниту во Холандија: Погледнете како демонстрант истрча кон него – го спаси обезбедувањето (видео)

Во средата, безбедносниот тим на претседателот на Франција мораше да го совлада демонстрантот кој трчаше кон Емануел Макрон за време на неговата посета на Холандија.

Инцидентот се случил кога Емануел Макрон пристигнал на настан на Универзитетот во Амстердам. Ова е втор пат по ред негова државна посета да биде нарушена со протести, по неколкунеделните протести во Франција против пензиската реформа, која Владата ја протурка со декрет.

Демонстрантот, соборен на земја, скандирал на француски јазик стихови од песната која е доста популарна на протестите против пензиските реформи, која гласи: „Тука сме, тука сме, дури и ако Макрон не сака, ние сме тука“.

Француските синдикати планираат нови протести на национално ниво против пензиските реформи во четврток.

Уставниот совет в петок ќе каже дали законот и начинот на кој е донесен е во согласност со Уставот или опозицијата може да почне да собира потписи за организирање референдум против него. Доколку законот добие зелено светло ќе може да стапи во сила, што се очекува до крајот на годинава.

Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Емануел Макрон на Холандија.

Претседателот на Франција е изложен на критики од европските и американските сојузници поради неговата надворешна политика.

Француските власти се обидуваат да ја ублажат штетата откако тој минатата недела изјави дека Европа не треба да го ескалира конфликтот околу Тајван, туку наместо тоа да се обиде да изгради сопствена позиција како трет пат меѓу Кина и САД.

АмстердамЕмануел МакронФранцијаХоландија