Маск го поддржа повлекувањето на Америка од НАТО: Тектонските промени се на повидок, текот на историјата се менува со молскавична брзина!

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ја поддржува идејата за повлекување на САД од Обединетите нации и НАТО.

„Јас го поддржувам“, напиша Маск на платформата X, коментирајќи ја објавата на еден корисник во која се наведува дека е време САД да ги напуштат овие организации.

Сенаторска иницијатива за повлекување од ОН

Американскиот републикански сенатор Мајк Ли претходно објави дека е поднесена иницијатива до Сенатот за повлекување на САД од ОН и суспендирање на финансирањето на организацијата. Предлогот предвидува целосно повлекување на САД од Обединетите нации и сите поврзани тела , вклучително и прекин на финансиската поддршка од Вашингтон. Иницијативата предвидува и укинување на договорот со кој на ОН им се овозможува да го задржат своето официјално седиште во Њујорк, како и укинување на дипломатскиот имунитет на вработените во таа организација на американска територија.

Критиките на Трамп кон НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати изрази незадоволство од работата на НАТО. Уште пред да биде избран, тој предупреди дека САД би можеле да ја напуштат Организацијата на Северноатлантскиот договор доколку европските сојузници не преземат поголем финансиски товар за сопствената безбедност.