Масовни загуби во украинскиот воен центар! Истрагата е во тек: Што се крие?

Командата на украинските вооружени сили ги потврди загубите по нападот врз воениот тренинг центар.

Украинските вооружени сили претрпеа загуби по нападот врз тренинг центарот. Ова го соопшти украинската оперативна команда „Југ“.

Нападот наводно бил извршен со две балистички ракети, а воената агенција за спроведување на законот започнала внатрешна истрага.

Украинската команда не го соопшти точниот број на жртви или ранети.

Во текот на ноќта, руските сили извршија ракетни напади врз гасната инфраструктура во регионите Харков и Полтава.