Мајката на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ, успешно ја штити приватноста на своето семејство од очите на јавноста. Опкружена е со тесен круг луѓе, меѓу кои и пејачката Ана Бекута .
На социјалните мрежи кружеа видеа на кои фолк ѕвездата Ана Бекута пее на славата на Ѓоковиќ. Сите сакаат да се забавуваат со нејзините песни, добро е познато каква атмосфера може да создаде, а Дијана и Срѓан ја дочекаа новата година со Бекута.
Мајката на најдобриот тенисер беше и една од угледните гости на прославата на 60-тиот роденден на Ана во септември 2019 година. Меѓу поканетите беа и нејзините колешки, како Снежана Ѓуришиќ, Вики Миљковиќ, Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, Милица Павловиќ, Ацо Пејовиќ… Но најголемо внимание привлече Дијана Ѓоковиќ.
Сите во големото семејство на Ноле сакаат да се забавуваат и да се релаксираат со добра песна, а причините за славење секако има многу, бидејќи тенисерот не престанува да постигнува успеси. Го видовме и како ракува со микрофонот, ја слушнавме и Јелена, но секогаш е подобро музичкиот дел од забавата да им се остави на професионалците.
Покрај тоа, Ана Бекута и’ е блиска пријателка на Дијана, а тие две си беа најголема поддршка во тешките моменти, пишува „Хелоу“.