Меган Маркл откри како го поминала својот 44-ти роденден (фото)

Откако се врати на социјалните мрежи, 
Меган Маркл редовно споделува моменти од својот приватен живот, а овојпат ги откри деталите од прославата на својот 44-ти роденден.

Таа објави фотографија од како ги дува свеќичките на тортата за роденден, заедно со емотивна порака на благодарност.

– Ги гасам свеќите по прекрасни 24 часа и им се заблагодарувам на мојот сопруг, пријателите и семејството што ги направивте толку посебни. На вас, кои не ги познавам лично, но кои ми испраќате љубов секој ден, ви благодарам од дното на моето срце. Знајте дека го чувствувам тоа и многу го ценам – напиша Маркл.

Таа откри и дека го прославила својот роденден со вечера во познатиот ресторан „Функе“ во Лос Анџелес, каде што готвачот Еван Функе и неговиот тим готвеле за неа и нејзините гости.

– Оваа вечера е меѓу петте најдобри во мојот живот. Неверојатно. Ви благодарам за врвното гастрономско искуство – рече таа.

Истиот ден, таа лансираше и ново издание на нејзиниот бренд „As Ever“ – розе вино кое доаѓа од познатиот вински регион Напа Вали. Со ова, Меган Маркл комбинираше приватна прослава со деловен успех и продолжи да го гради својот имиџ како независна и претприемничка јавна личност.