Се огласи високиот руски функционер.
Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од страните ќе исчезне , изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
Функционерот на својот Твитер профил потсети дека во 2002 година беше формиран сличен Совет Русија-НАТО и дека „сите знаат како заврши“.
Овој пат се ќе заврши поинаку. Советот ќе престане да постои, бидејќи една од страните ќе исчезне – рече Медведев. Тој, исто така, истакна дека Русија и Алијансата сега се на работ на војна , односно, поточно, надвор од работ.
Претходно, на Самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг објави дека сојузниците усвоиле пакет повеќегодишна поддршка за Киев составен од три елементи со цел Украина да се приближи до членството во НАТО.
Според него, пакетот вклучува помош за транзиција на украинската армија кон стандардите на НАТО, создавање формат Украина-НАТО во кој Украина ќе биде рамноправна со членките на Алијансата, како и откажување на стандардниот план на влез во НАТО.