Мерлин Монро секое утро појадуваше пијалок од две состојки

Иако беше позната по својот изглед и актерски способности, можеби не сте знаеле дека Мерлин Монро уживала во готвењето. Но, поради бројните обврски немала време да подготвува сложени оброци, па преживувала со брзи и лесни оброци со висока содржина на протеини, кои и’ ја обезбедувале потребната енергија.

Така, секое утро појадувала топло млеко со сурови јајца. Во една статија за нејзините навики во исхраната и режимот на вежбање, објавена во списанието Pageant во 1952 година, Монро откри дека секое утро пред да се истушира, го загревала млекото на рингла што ја чувала во својата соба.

„Кога млекото е жешко, ставам две сурови јајца, ги матам во млекото со вилушка и го пијам додека се облекувам“, вели таа.

На појадокот би додала и мултивитаминска таблета.

„Се сомневам дека некој лекар би можел да препорача похранлив појадок за зафатена девојка како мене“, нагласи таа.

Монро никогаш не спомна што имала за ручек, па се претпоставува дека тоа е оброк што го прескокнала. Но, за вечера се честела со месо, од кое најмногу сакала стекови, јагнешки котлети и џигер од локалниот пазар.

„Го печам месото во електрична печка и го јадам со неколку сирови моркови“, објасни таа.

Дали сировите јајца се безбедни за јадење?

Многумина се загрижени дека ако јадат сирови јајца, ќе се заразат со бактеријата салмонела, но мешавина од сирови јајца и протеински шејкови со години ја консумираат бодибилдерите. Зошто? Тие веруваат дека на тој начин ги зајакнуваат мускулите. Несомнено постои ризик од изложување на салмонела, меѓутоа, според податоците собрани во 1990-тите, само едно од 20.000 јајца го содржи тој ризик, пишува Slate.