Меџити: Уставните измени се највисок приоритет за Вреди, ние сме олеснувачки чинител да се случат колку е можно побргу

Лидерот на Демократското движење, од коалицијата Вреди, и вицепремиер Изет Меџити на прес-конференција беше прашан дали следната година ќе се изгласаат уставните амандмани. Тој одговори дека работат во оваа насока и оти е тоа прв приоритет на коалицијата Вреди. Ова го објави ТВ Шења.

Телевизијата ја цитира изјавата, што ја даде Меџити во овој контекст: „Ние работиме секој ден ден и тоа е меѓу највисоките приоритети, или приоритет број 1 за коалицијата Вреди. Колку што е до нас, како Албанци, за уставните промени се потребни 80 пратеници, а ние сме олеснувачки чинител, кој придонесува да се спроведат колку е можно побргу уставните промени, бидејќи е тоа единствената алтернатива за граѓаните на земјата.“ – изјави Меџити.