Министерство за земјоделство: Јавниот повик за користење на средствата од ИПАРД ќе биде објавен во четвртиот квартал од годината

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавен повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021–2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Министерството за земјоделство вели дека оваа мерка претставува извонредна можност за претприемачите во прехранбената индустрија да ги подобрат своите капацитети и да станат поконкурентни на локалниот и меѓународниот пазар.

„Мерка 3 – „Инвестиции во основна опрема за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД програмата обезбедува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и приближување кон европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.“

„Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (IPARD програма за периодот 2021–2027). Министерството ги повикува сите заинтересирани страни навремено да започнат со подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните најави на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој“, велат од Министерството за земјоделство.