Министрите за енергија, животна средина и клима на земјите-членки на Г7 се согласија постепено да ја укинат употребата на јаглен за производство на електрична енергија до 2035 година.
Одлуката на Г-7 доцна синоќа ја потврди и Министерството за економија и клима на Германија. Според портпаролот на Министерството, Германија одиграла клучна улога во одлуката да се одреди јасен краен датум за производство на електрична енергија на јаглен за сите земји од Г7.
Британскиот државен секретар за енергетска безбедност и јаглеродна неутралност Ендрју Боуви претходно го објави договорот.
– Да, имаме договор за постепено исфрлање на јагленот во првата половина на 30-тите години. Ова е историски договор што не успеавме да го постигнеме на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП 28) во Дубаи минатата година, изјави Боуви.