Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, изрази верување дека земјава ќе биде во групата земји што ќе имаат најповолни услови за извоз на американскиот пазар.
„Со САД е разговарано за можно олеснување на царините. Верувам дека ќе бидеме во групата земји што ќе имаат најповолни услови за извоз на американскиот пазар“, рече Мицкоски.
САД денес објавија дека ќе испратат официјални писма до трговските партнери со детали за тарифите и новите трговски договори.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави основна царина од 10 проценти за речиси сите увезени производи во април, со дополнителни „реципрочни“ царини за земјите со трговски дефицит со САД. Овие мерки беа суспендирани 90 дена, рок што истекува на 9 јули.