Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски, му порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на командантот на ДУИ, Али Ахмети.
Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст, напиша Мицкоски на фејсбук и на твитер.
Ова е за прв пат по завршувањето на воениот конфликт во 2001 година лидер на една од големите партии да го потенцира своето воено минато.
Ботовите на ВМРО ДПМНЕ ја искористија објавата на Мицкоски да му испратат порака на првиот човек на Левица, дека вистинските мажи стрелаат, алудирајќи на постизборната фејсбук порака на Димитар Апасиев-“Џабе ни се лижите, сите ќе ве стреламе”.
Но целиот овој политички фолклор крие во себе многу поголема позадина. Пред Нова Година СДСМ и Ковачевски влегоа во кампања во која почнаа да потенцираат дека Мицкоски е заложник на Апасиев. Односно дека Левица е главната опозиција која ги диктира процесите, а Мицкоски мора тоа да го следи и дека е заложник на таа и таквата политика.
ВМРО ДПМНЕ сега на тоа одговара со напади на Али Ахмети дефинирајќи го екс командантот на УЧК како нивен главен противник, а дека СДСМ и Ковачевски мора да прават тоа што ќе им каже Ахмети.
Ова покажува дека Мицкоски многу повеќе од Ковачевски бил влезен во игра за реализација на предлогот на екс лидерот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на заедничка влада меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, со рок на траење од осум години, како начин на целосно или значајно намалување на моќта на ДУИ.
Мицкоски има два проблеми, првиот и Левица, а вториот немање сериозен албански парнер. Затоа ВМРО ДПМНЕ правеше и прави се да го спречи влегувањето на Алијанса на Албанците во власта, па дури нудејќи му на Таравари можност да биде премиер на некоја идна заедничка влада. Од друга страна ВМРО и Мицкоски мора се повеќе да личат на Левица и Апасиев за да ги добијат тие проруски и анти-албанаки и анти-ЕУ и НАТО гласови бидејќи без нив ќе имаат минимални шанси да дојдат на власт. А ако и по следните избори партијата не дојде на власт тоа може да биде крајот на лидерската кариера на Мицкоски.
Пред неколку недели Мицкоски почна да се “слика” како украинскиот претседател, а Ахмети тогаш го нарече “Зеленски испратен по али експрес”, а сега отиде и чекор понатаму објавувајќи фотографии од неговото служење во АРМ во 2001 година.
Во последната емисија Во Центар беа анализирани политичките процеси во Македонија, а целата емисија можете да ја погледате на следниот линк: