Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција, во прашање се денови

Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст, а дел од средствата со најавениот меѓувладин договор со европска земја за инвестиција во инфраструктурата и здравството, кој, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се потпише многу скоро, односно во прашање се денови.

Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст, а дел од средствата со најавениот меѓувладин договор со европска земја за инвестиција во инфраструктурата и здравството, кој, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се потпише многу скоро, односно во прашање се денови.

– Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција за којашто ќе потпишеме договор на основа на влада со влада. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор, рече Мицкоски на новинарско прашање.

Како што истакна, следува инфраструктурен бум во модернизација и реконструира на железницата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, со инвестиции во здравството, а продлжува и барањето партнери за изградба на стратешки проекти, како Чебрен и Галиште.

Мицкоски уверува дека со реконструкцијата на Коридорот 10 граѓаните ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, а карго возовите најмалку четирипати побргу од сегашниот просек. Ќе можат да да возат 110 километри на час, наместо, како што рече, сегашните од 10 до 15 километри на час, во одредени делници.

– Со тоа очекуваме не само зголемена брзина на карго превозот која ќе транзитира низ нашата држава, туку и зголемен интерес за повеќе композиции по бројност кој секако поради побрзиот транзит ќе биде зголелемен. Очекувам да се зголеми најмалку 10 пати, двапати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина, така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што е денеска. И крајната цел е годишниот приход на Македонски железници од основната дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра, рече Мицкоски.

Покрај во железничкиот превоз, дополни, се инвестира и во здравството, а продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти.

-Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции околу 190 и 200 милиони евра или во тотал заедно со реконструкцијата на Коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра. Во енергетиката главен фокус ни е проектот „Чебрене-Галиште“. Пред состанокот на Извршниот комитет вчера имав состанок со министерката разговаравме околу стратегијата, пристапот и околу начинот на којшто тој проект понатаму ќе го водиме. Анализираме и убеден сум дека овој пат државата ќе има можности да направи поинаков договор од тоа што беше во минатото случај, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски на 14 март годинава објави дека Владата работи на инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра. Не откри детали за инвестицијата, но посочи дека се работи за меѓувладин договор со моќна европска земја, како и дека договорот „ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП“.

Очекувам добри вести за македонските граѓани во април и мај на еден меѓувладин договор којшто би го потпишале со многу моќна европска земја кој што ќе се мери во милијарди, не во милиони за проекти во инфраструктурата и во здравството, сега засега. Тоа портфолио може да биде зголемено. Очекувам ваков меѓувладин договор кој што ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП, рече Мицкоски.

На 24 март годинава државава ги доби првите средства од претфинасирањето во рамки на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, во износ од 52,4 милиони евра, од кои 24,4 за буџетска поддршка. Тоа се седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра.