ДУИ се подготвува за турбуленции во текот на есента – продолжува да инсистира премиерот Христијан Мицкоски, кој тврди дека во отсуство на поддршка за идејата за дестабилизација кај партиското членство, партијата на Ахмет, според него, се обидува да мобилизира радикални групи од маало.
Тој вели дека има нови информации во врска со овие изјави, уверувајќи дека ќе направат се за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
„Има информации дека се обидуваат да анимираат критична маса во населбата која би ги поддржала на овие протести. Ние поддржуваме мирни протести, но ако има насилство како држава ние сме подготвени да одговориме. Имаме планови, имаме информации и нормално не би сакал да ги објавувам, ги лоциравме луѓето кои поддржуваат вакви сценарија. Нивното богатство е седум цифри и нормално дека сакаат да го задржат богатството“, рече Мицкоски.
ДУИ неколкупати по ред реагираше на изјавите на премиерот Мицковски и неговите обвинувања дека ДУИ планира да ја дестабилизира државата.
Партијата на Ахмети се изјасни дека е државотворен субјект и дека ќе направи се за да го спречи понижувањето на Албанците во земјава.