Премиерот Христијан Мицкоски денес од Штип изјави дека судиите и обвинителите дури и не ги заслужуваат своите сегашни плати, а камоли нивното зголемување, какво што бараат од ЕУ, пренесува Телеграф Македонија.
Тој нагласи дека му доаѓа да повраќа кога ќе слушне за зголемувањето на платите на судиите и обвинителите, со оглед на тоа што тие имаат само 2% доверба од граѓаните.
„Моите размислувања за судството и обвинителството се искажани многу пати, и секој пат кога зборуваат зошто доцниме со законите за судска реформа, основната суштина е зголемување на буџетот, а со тоа и зголемување на платите на судиите и обвинителите, кои имаат проценка од 2%, а се бара зголемување на платите од 0,8% од БДП на судиите и 0,5% на обвинителите. Секогаш се чувствувам измешано, бидејќи сега ниту тие не ги заслужуваат овие плати“, рече Мицкоски.
Тој рече дека кога „таканаречените експерти излегуваат јавно и ја критикуваат Владата за застојот на реформите во обвинителството и судството“, на граѓаните треба да им се објасни која е суштинската реформа.
Мицкоски нагласи дека проблемот не е во зголемувањето на платите, туку дека тоа мора да се заслужи .