Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш ја изрази својата огорченост од однесувањето на трговците кои, според него, пред празниците ги покачиле цените на одредени производи и до 25%.
„Разговаравме со сите големи супермаркети со сите сопственици, беа на настан во Владата, оставивме добра волја да не бидеме со пристапот на ограничување на цените за кој рекоа дека е непопуларна мерка, сакавме да слушнав од нив и се случи.
Тоа што некои луѓе користат трикови, ќе има соодветни процедури за нив. Анализата е во тек и тие постапки ќе се применуваат.
,,Тоа што мислеа дека ќе нè излажат и ќе си играат со трпението на власта, мислам дека не е добро да го преиспитаат своето однесување. Ова не е соодветно однесување, особено пред празниците. Посебно не кога цените наеднаш поскапуваат за 25 отсто и денеска ќе има реакција“, рече Мицкоски.
Премиерот вчера најави и дека Владата го ангажирала Државниот пазарен инспекторат да излезе на терен и да ја увиди фактичката состојба со цените на прехранбените производи.