Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе бидат отворени 600 нови работни места во Министерството за внатрешни работи.
Мицкоски рече дека во МВР е откриен епски криминал и сите треба да одговараат, но како што додаде Мицкоски потребен е човечки капацитет.
„Многу малку се внимаваше на квалитетниот потенцијал на кадрите. Последниве месеци дојдовме до заклучок дека во МВР има епски криминал, а за тоа да биде санкционирано и изведено пред лицето на правдата, потребен е квалитетен капацитет. Во овој период во МВР се планирани 600 вработувања поради предвремено пензионирање и со цел кадровско зајакнување“, изјави Мицкоски.