Од утре ќе бидат достапни средствата од унгарскиот кредит, изјави премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи некои услови за компаниите кои сакаат да аплицираат за овие средства.
„1,95% камата за фирмите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит. Компаниите ќе можат да инвестираат во производствени средства, обновливи извори на енергија и деловни простории за нивните потреби. Рок на достасување е до три години грејс период и до 15 години отплата. Секоја компанија може да аплицира во која било банка, па откако ќе се одобри кредитот, Банката за развој ќе ги префрли парите. Компаниите со своите средства ќе треба да имаат учество од 20 отсто, со што инвестицискиот бран на стопанството би бил 300 милиони евра“, изјави премиерот Хриситиан Мицкоски.
2% камата на овие кредити е прифатлива за стопанството. Овие 2% се драстично намалување од првично разгледаната стапка од 2,7% што беше во игра до петок.
Каматата од 2% што ја плаќаат фирмите ќе ја задржат банките, како осигурување од ризик и како резерва, добивка и ќе бидат принудени да вратат само 250 милиони евра како главнина од заемот. Оваа главнина, плус каматата од 3,25%, државата ќе треба да и’ ја врати на Унгарија во следните 15 години.