МНР му го одзеде дипломатскиот пасош на првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од денеска не поседува дипломатски пасош – ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга, објави „Нетпрес“.

МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.