Министерството за надворешни работи и трговија информира дека евакуацијата на четири лица, имено семејство (мајка со три деца), е потврдена за утре. МНР уверува дека местата се обезбедени преку израелското Министерство за транспорт, во рамките на организираните летови што се користат за евакуација на странски државјани од Израел.
Летот е закажан од Тел Авив до Атина.
„Во согласност со ова, како и со претходната евакуација спроведена со владини авиони на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на македонски граѓани заинтересирани за евакуација од Израел достигнува 25. Сепак, не сите изразија подготвеност да го сторат тоа веднаш. Се очекува дека во наредните денови дополнителен број наши граѓани ќе имаат можност да се евакуираат од Израел“, велат од MHP.
Оттаму додаваат дека остануваат во постојана комуникација со властите во Тел Авив.