Реал Мадрид наскоро ќе започне нова ера со Чаби Алонсо на клупата, па се очекуваат голем број заминувања и пристигнувања, а Лука Модриќ веројатно ќе биде меѓу првите што ќе го напуштат клубот, пишуваат шпанските медиуми.
Иако Хрватот освои сè што можеше да се освои со шпанскиот гигант и стана една од легендите на Реал, тоа не беше доволно за претседателот на клубот да го разгледа неговиот нов договор.
Освен што Карло Анчелоти ќе ја напушти клупата, Реал очигледно подготвува експресно заминување и за Модриќ, кој очигледно се надеваше дека тоа нема да се случи.
Шпанците веќе подготвија „десетка“ за ново засилување, бидејќи играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е на прагот на клубот.
„Со овој потег, Реал Мадрид покажува колку сериозно размислува за Вирц, но и колку е немилосрден кон своите легенди“, се само дел од коментарите од шпанските медиуми.
Шпанскиот медиум „Релево“ исто така пишува дека Хрватот веројатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по Светското клупско првенство, додавајќи дека Реал бара играч од средниот ред со профил сличен на Модриќ на пазарот.
„Тој сака динамичен и креативен играч, способен за жртви во дефанзивниот дел, но и со талент да игра меѓу редовите. Некои би рекле Лука Модриќ“, наведуваат во текстот.
Да потсетиме дека Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година, и со клубот освои шест трофеи од Лигата на шампионите.