Полицијата во Њуарк, Њу Џерси, приведе пет лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче, осомничени за убиство на еден и ранил друг полицаец, соопштија денеска локалните власти.
Убиениот полицаец, 25-годишниот Џозеф Аскона, бил дел од разузнавачкиот тим на полициската управа во Њуарк и во петокот отишол да уапси осомничени во истрагата за нелегално оружје и бил застрелан додека се уште бил во неговото полициско возило.
„Немаше ни шанса да излезе од возилото пред да биде убиен“, рече Емануел Миранда, директор за јавна безбедност во Њуарк.
Вториот полицаец, кој не е идентификуван, е хоспитализиран со повреди кои не се опасни по живот, соопштија властите.
Властите не го открија идентитетот ниту на 14-годишниот осомничен ниту на останатите четири лица во притвор.