За неколку дена ќе се навршат полни четири месеци од крвавата гозба и злосторството што го направи Нермин Сулејмановиќ во Градачац.
Да потсетиме, во утринските часови на 11 август, откако дивјачки ја претепа, со пиштол ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, пред очите на нивното десетмесечно бебе , пренесува Српскаинфо.
Крвавиот чин во живо го пренесувал на Инстаграм, а потоа во градот ги убил Денис и неговиот татко Џенгиз Ондер, ранил полицаец и уште едно лице, по што си пресудил.
Телото се уште е во фрижидер
Од кобниот ден неговото тело е во Меморијалниот центар во Тузла во ладилник.
Телото нема никој да го земе, а членовите на поширокото семејство се изјаснија дека ќе го организираат погребот, но проблемот е погребното место.
За проблемот кој не може да се реши зборувал градоначалникот на Градачац, Едис Дервишагиќ.
-Проблем е погребот на повеќекратен убиец. Членовите на семејството рекоа дека ќе ги сносат трошоците за погребот, но проблемот е гробното место. Градот Градачац нема градски гробишта. За гробното место испративме неколку барања до институциите и до Исламската заедница, но никој не даде позитивен одговор. Луѓето не сакаат убиец да лежи на нивните гробишта. Ден во Комеморативниот центар чини 20 евра. Натрупани се околу 2.500 евра долг и најверојатно ќе треба да се плати од буџетот на Градот. Сето тоа значи дека ќе треба да се најде решение, ова не може да трае до бескрај – рече Дервишагиќ.
Соопштуваат и од Комеморативниот центар во Тузла
– На нашите градски гробишта нема место. Овој проблем треба да го решат роднините или градската управа на Градачац. Имавме случаи кога телата чекаат погреб десет дена, на пример кога некое семејство доаѓа од странство. Имавме и случај на двајца загинати мигранти, па се чекаше идентификација. По смртта на бездомник, погребот трае неколку дена, па општината ги сноси трошоците. Наше мислење е дека сите мора да бидат погребани, без разлика што направиле – велат од Комеморативниот центар во Тузла.
Телото на Сулејмановиќ се чува во фрижидер, херметички затворена лимена кутија.