Ми олесна што мојот втор сопруг се сложи со ќерка ми тинејџерка, но не можев да замислам дека десет години подоцна тие двајца ќе бидат заедно.
Татко и’ почина кога таа имаше само пет години и оттогаш бевме сами додека не го запознав мојот втор сопруг. Поминавме 12 години заедно, а на почетокот не брзавме. Ми требаа две години дури и да го запознаам со ќерка ми бидејќи не сакав да раскинеме и да ја повредиме. Кога се запознаа, таа имаше 11, а тој 44 години и набрзо се зближија и јас бев пресреќна што повторно ќе го имам моето мало семејство… напишала една жена во писмото до терапевтот за The Sun.
Вели дека се грижел и ги поддржувал и двете, а и’ помагал на нејзината ќерка во учењето и училишните обврски. Заедно оделе на долги прошетки, а таа остануваше дома и подготвуваше вечера. Беше многу среќна што нејзината ќерка има татковска фигура во нејзиниот живот и што најде човек кој толку добро се однесува со неа. Меѓутоа, кога се вратила дома пред неколку недели, вратата од неговиот плакар била отворена, а неговата облека ја немало.
– Тоа беше многу чудно, но не можев ни да замислам што всушност се случува. Сè дознав подоцна истиот ден кога ќерка ми ми испрати порака во која напиша дека тие двајца никогаш немале врска татко и ќерка, туку се заљубени. Отпрвин мислев дека тоа е некоја болна шега, но две недели не ми одговараа на пораките и повиците. Болката е неопислива и не знам што да правам – му напишала на терапевтот.
– Жал ми е. Ова е најлошата ситуација во која би можеле да се најдете. Се разбира, тоа што го направи вашиот сопруг е ужасно, но обидете се да не ја обвинувате вашата ќерка. Иако сега е полнолетна, кога се запознале била уште многу млада и можно е тој да влијаел на неа. Таа беше ранлива, особено што го загуби биолошкиот татко и тој веројатно го искористи тоа. Во улога на нејзиниот очув, тој беше во моќна позиција и тоа го искористи на најлош можен начин. Сигурно сте разочарани, но не дозволувајте тоа да ви го уништи односот со ќерката, затоа што и’ требате сега повеќе од кога било. Ако таа не одговара на вашите пораки и повици, можеби има некој член од семејството со кој би сакала да разговара. Исто така, можете да разговарате со професионалец ако мислите дека ви треба токму сега – и одговорила Дејдре.