Му ја смениле крвта, почина без болки: Детали за суровата борба на Бешлиќ со ракот

Семејството на пејачот Халид Бешлиќ се борело до последен момент да му го спаси животот, па според неофицијални информации, и тие прибегнале кон методот на размена на крв.

Бешлиќ почина на 7 ноември во Сараево , а медицинскиот тим што се грижеше за него направи сè за неговите последни денови да бидат што е можно помирни и безболни.

– Преку пријател, семејството стапило во контакт со лекари од странство, кои во постојана комуникација со лекарите од Сараево се обидувале да го пронајдат најдобриот начин да му помогнат на Халид. Благодарение на терапиите и лековите, тие успеале да ја ублажат болката и пејачот да остане свесен и комуникативен до самиот крај. Кога дошол моментот да нè напушти, лекарите се погрижиле сè да помине непречено – практично само заспал и издишал, без никаква болка – рекол изворот за Курир и додал:

– Бидејќи страдаше од заболување на црниот дроб, неговата крвна слика беше исклучително лоша, па лекарите мораа да му ја менуваат крвта на секои два дена за да го зајакнат неговото тело и да му овозможат да го издржи тешкиот процес на лекување. Тој метод на почетокот даде добри резултати – Халид беше расположен и се чувствуваше добро – но болеста добиваше на интензитет секој ден. Метастазите беа посилни од него и, за жал, тој не беше во можност да се бори.

Овие наводи делумно ги потврди долгогодишниот соработник на Халид, возачот Владо, кој за истиот портал изјави дека синот на пејачот пронашол странски експерти кои активно учествувале во неговото лекување.

Да ве потсетиме дека Халид Бешлиќ почина на 72-годишна возраст по борба со тешка болест.

Халид Бешлиќ  почина од рак на мочниот меур , а имаше долгорочни здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, проблеми со црниот дроб и бубрезите за кои беа потребни помагала за поддршка, како и последици од сериозна сообраќајна несреќа во 2009 година во која го изгуби окото и ги повреди белите дробови.