Новоизбраната претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова , му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој и’ ја честиташе изборната победа.
„Многу ги ценам Вашите искрени честитки, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на извонредните македонско-српски односи. Ви благодарам многу претседателе Вучиќ“, напиша Силјановска-Давкова на својот X профил.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во честитката до Гордана Силјановски-Давкова напиша дека „сака претседателот на Северна Македонија успешно да ја изврши одговорно должноста што ја презема“.
„Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел напредок и благосостојба на нашиот народ, како и просперитет на целиот регион“, рече Вучиќ на својот профил X.