Над 700 училишта се затвораат поради недостаток на ученици, Илон Маск: Грција умира

Повеќе од 700 училишта се затворени во Грција поради продолжената демографска криза.

Грција има една од најниските стапки на фертилитет во Европската Унија – околу 1,3 раѓања по жена, што е далеку под нивото потребно за замена на населението, кое е 2,1.

Населението брзо старее, додека младите луѓе масовно ја напуштаат земјата.

Во академската 2025–2026 година, 721 училиште ќе бидат затворени, откако не успеаја да го исполнат минималниот праг од 15 ученици потребен за да останат отворени.

Ова го привлече вниманието и на американскиот милијардер Илон Маск, кој реагираше преку социјалните мрежи.

„Смртта на Грција“, напиша тој на Платформа X, истакнувајќи ја опасноста што намалувањето на плодноста ја претставува за иднината на западните нации.

Инаку, последниот попис на населението во Грција покажа дека таа има 10,39 милиони жители.