Напаѓачот на словачкиот премиер можеби имал соучесник.
Словачките власти ја истражуваат можноста дека осомничениот за обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо не бил сам, како што претходно се веруваше, изјави министерот за внатрешни работи Матус Сутај Есток.
Фицо (59) беше нападнат со огнено оружје додека се поздравуваше со приврзаниците по седницата на Владата во средата на 15 мај во поранешниот рударски град Хандлова. Во меѓувреме тој е опериран и се наоѓа во болницата во Банска Бистрица. Официјалните лица рекоа дека тој и понатаму е во сериозна, но не е опасна по живот состојба и дека прогнозата е позитивна.
Идентитетот на осомничениот напаѓач, кој е во притвор, не е соопштен, но словачките медиуми објавија дека се работи за Јурај Цинтула (71) од градот Левица, пренесува Срна.