Шведската компанија неодамна претстави ново млеко на база на компир, кое веднаш го привлече вниманието на пазарот.
Цената на овој иновативен производ се движи меѓу 3 и 5 евра за литар. Млекото од компир е богато со влакна, витамин Б12, железо и фолати.
Овој рецепт доаѓа од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунд, која разви кремаста „ емулзија од компир “ уште во 2017 година. Млекото доаѓа во три варијанти, оригинално, бариста (за кафе) и незасладено.
Производителите истакнуваат дека ова млеко обезбедува значителен внес на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданси и дека е поеколошки од другите пијалоци од растителна основа. Исто така, содржи помалку шеќер и масти, а нема вообичаени алергени, па затоа е совршен за луѓе кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.
За оние кои сакаат да направат сопствено млеко од компир, процесот е едноставен:
Излупете ги компирите, сварете ги, па ставете ги во блендер со вода, по желба додадете мелени бадеми, прстофат сол, природен засладувач и малку екстракт од ванилин. Сè изблендирајте и истурете го во сад.