Можете лесно да направите ефикасен колагенски прав дома со само неколку состојки.
Колагенот е најзастапениот протеин во човечкото тело – колагенот сочинува речиси една третина од вкупниот број на протеини во телото. Неговата структура слична на влакна се користи за создавање на сврзно ткиво и е главна компонента на коските, кожата, мускулите, тетивите и ‘рскавицата.
Самото тело произведува колаген, а како што старееме, тоа производство се намалува. Недостатокот на колаген доведува до
видливи знаци на стареење – се појавуваат брчки, кожата е помалку еластична и поопуштена. Зглобовите може да бидат помалку подвижни и склони кон вкочанетост.
За да ја одржиме еластичноста на кожата, како и здравјето на зглобовите и коските, потребно е дополнително да внесуваме колаген.
Можете сами да направите колаген во прав дома и да го консумирате секојдневно.
Состојки:
- 1 шуплива говедска коска или други животински делови богати со колаген (рскавица, тетиви, лигаменти)
- сок од лимон или јаболков оцет
- цимет, морско оревче или кој било друг зачин по желба
Подготовка:
Варете ја коската од теле или други животински делови богати со колаген во вода со малку сок од лимон или јаболков оцет најмалку 12-24 часа. Додадете зачини по желба.
По готвењето, процедете ја течноста и оставете ја да се излади во фрижидер додека не стане желатинска.
Колагенскиот желатин ставете го на плех и исушете го во рерна на многу ниска температура до 90 Целзиусови степени. Ова може да потрае 12-24 часа. Кога колагенот целосно ќе се исуши, со блендер сомелете ги исушените листови колаген во фин прав.
Чувајте го колагенскиот прав во херметички сад во фрижидер. Може да трае од 2-3 месеци.
Како да се земе колаген?
Може да земете колаген во прав со утринското кафе или чај.
Кога земате колаген во прав, важно е да се обрне внимание на дозата. Нема официјални упатства за тоа колку колаген треба да се зема секој ден, но истражувањата за ефективноста на колагенот користеле дози кои се движат од 2,5-15 грама дневно.
Вообичаената доза е околу 10 грама или околу 1-2 лажици дневно, пренесува Сету.