НАЈБОГАТАTA ИНДИЈКА ИМА 169 АВТОМОБИЛИ И ЧАНTИ ВРЕДНИ 350.000 евра: За неа работат 600 луѓе, а за децата важат СТРОГИ ПРАВИЛА (ВИДЕО)

Мукеш Амбани е најбогатиот човек во Индија , а неговата сопруга Нита Амбани е најбогатата жена во Индија. Нита е позната по својот раскошен начин на живот.

Нита носи чанта Хермес вредна 350.000 евра. Во една прилика порачала 25 илјади парчиња златни садови. Има гаража за 169 автомобили и 600 вработени.

Таа е сопруга на претседателот на највредната компанија во Индија, Reliance Industries. Нивното богатство е 83 милијарди евра. Тие се едно од најбогатите семејства во светот, кои живеат во резиденцијата наречена Антилија во Мумбаи. Станува збор за облакодер од 27 ката кој доаѓа со удобности како кино, затворена гаража, спа-зона и здравствен центар, каде што семејството се релаксира под туш од вештачки снег.

Антилија има и храм и сала за бал, како и просторија посветена целосно на автомобили. Амбани еднаш на својот сопруг му подарила луксузен Maybach 62, додека нејзиниот сопруг и подарил Airbus A319 вреден 60 милиони евра.

Семејството Амбани вработува неверојатни 600 луѓе, вклучувајќи готвачи, чистачки, келнери и фитнес инструктори. Тие се чувани од тим за обезбедување кој има свои станбени простории.

Богатото семејство има два сина и една ќерка. Нита инсистира на скромно воспитување, па нејзините деца добиваат ограничен џепарлак и се возат со јавен превоз. Тие, исто така, почитуваат полициски час.

Самата Амбани живее без граници. Таа често се нарекува корпоративна прва дама на Индија. Нита е исто така учителка и дизајнер на ентериер. Сака да носи традиционална и лежерна облека и има склоност кон скапи чанти.

Таа често е забележана како носи Cartier, Bulgari и Cucci. Кога Нита сака нешто, таа го добива. Дарежлива е кога станува збор за подарување. Таа основала училиште и болница во Мумбаи, а таа и нејзиниот сопруг донирале 68 милиони евра за помош во пандемијата.