Беа потребни само 28 секунди.
Џони Фишер го потврди својот огромен талент и лесно го совлада Ален Бабиќ, по само 28 секунди од мечот, со првата вистинска серија на удари.
Бабиќ кој без страв влезе во мечот и стартуваше во свој стил, се обиде да му се приближи што е можно повеќе на Фишер. Но, во првата прилика, Фишер се нафрли директно кон него, а потоа, откако направи чекор наназад, направи серија удари кои го испратија Бабиќ на подот.
Бабиќ по првиот примен удар не успеа да одговори ниту да побегне, па заврши на подот. Се обиде веднаш да стане, но нозете не го слушаа, а судијата оцени дека продолжението на мечот може да заврши со брз тежок нокаут, па го прекина мечот.
OVER IN 30 SECONDS!!!!
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) July 6, 2024
BOSHHHHHHH! 🐂🎯 @johnnyfisherbox sparks Babic!#FisherBabic | @DAZNBoxing pic.twitter.com/bvmZxpmKRO