„Луѓе мои, дали е тоа можно, лудница, што е ова“, извикал на 21 декември 1983 година легендарниот Младен Делиќ.
На тој ден на стадионот „Пољуд“ во Сплит, меѓу поранешна Југославија и Бугарија, се одигра еден од нај-неверојатните натпревари во историјата на фудбалот.
Натпреварот со многу пресврти, шанси, убави потези и шокантен гол на играчот на Партизан, Љубомир Радановиќ, остана во сенка на легендарниот коментатор Младен Делиќ.
„Веќе нема време за ништо, 45:38. Вујовиќ, Вујовиќ… Еве шанса… Гооол! Момци, дали е можно, лудило, што е ова…“ викаше Делиќ и тој коментар и денес е надалеку познат и се прераскажува на просторите на поранешна СФРЈ.
Благодарение на победата од 3:2, Југославија се пласираше на Европското првенство кое се играше во Франција во 1984 година.
Божидар Искренов во 29. минута го ,,совлада” Зоран Симовиќ, само две минути подоцна Сафет Сушиќ го израмни резултатот.
Југославија поведе со вториот гол на Сушиќ во 53. минута, а Георги Димитров израмни на 2:2 во 60. минута. На нашиот тим му требаше победа, исто како и Бугарите, а во игра беа и Велшаните, со кои на „Пољуд“ игравме нерешено. Сепак, голот на Радановиќ во судиското надополнување ги реши сите дилеми, а на многумина им одзеде години живот.
Изјавата на Делиќ може да ја погледнете ТУКА
Југославија тогаш играше во составот: Симовиќ, Зоран Вујовиќ, Јешиќ, Катанец, Перузовиќ, Радановиќ, Златко Вујовиќ, Гудељ, Сушиќ, Баждаревиќ, Млинариќ. Во игра влезе и Сулејман Халиловиќ. Селектор на тимот беше Тодор Веселиновиќ.