НАЈНОВИ ДЕТАЛИ – 21-годишниот монструм од Младеновац признал се, им го открил мотивот на обвинителите: “Не ги познавал тие луѓе…“

Урош Б. (21 г.) бил на распит во Вишото јавно обвинителство Смедерево каде го признал делото за кое се товари, дознаваaт соседните медиуми. Тој е осомничен дека убил осум и ранил 14 млади луѓе во селата околу Младеновац и Смедерево.

Според српските медиуми, му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Тој призна дека го извршил масакрот наведувајќи дека со употреба на автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал во неколку лица кои биле во групата, а кои не ги познавал, за да го исплаше населението од наведените населени места“, пишува Blic.rs.

Урош Б. е обвинет дека во ноќта на 4. мај убил осум лица, а се обидел да убие уште 12.

МладеновацСмедеревосмртСрбијаубиствоУрош Б.