Трогателни сцени беа видени на почетокот од четвртфиналниот натпревар од клупското првенство во фудбал помеѓу Ал-Хилал и Флуминезе, за време на едноминутното молчење за трагично загинатиот фудбалер на Ливерпул, Диого Жота.
Имено, португалските асови Жоао Кансело и Рубен Невеш, кои играат за Ал-Хилал, не можеа да ги сокријат своите емоции.
И двајцата плачеа за смртта на нивниот колега од репрезентацијата, а особено тешко му беше на Невес, кој беше најдобар пријател на Жота.
Невес плачеше за време на минутата молчење, а двајцата играа заедно за Вулверхемптон, покрај за националниот тим. Дури беше под знак прашалник дали ќе игра вечерва, но сепак најде сила да му помогне на својот тим.
За потсетување, Жота загина заедно со својот брат Андре Силва, исто така фудбалер кој играше во втората португалска лига, на автопат во покраината Замора во Шпанија.