На врвот на пирамидата снимил нешто неверојатно! Луѓето се зачудени, никој не разбира како се случи ова

Авантуристот Алекс Ланг прелета со параглајдер над Кеопсовата пирамида и сними неверојатна глетка.

На социјалните мрежи беше објавено видео снимено од Алекс Ланг додека леташе со параглајдер и привлече големо внимание.

Куче на врвот на пирамидата

Ланг се искачи над пирамидата на 14 октомври, а кога се доближи до врвот не можеше да им верува на своите очи. Видел куче како се шета по камените блокови!

 – Лаеше по птиците што летаат над неговата глава – изјавил подоцна Ланг, 
пренесува Дејли мејл.

„Тоа е неверојатно искачување! Сосема лудо“, напиша едно лице, а друго додаде:

Сигурно му требаше многу време за да се искачи на врвот“, вели тој.

Многумина се пошегуваа кога ја видоа неверојатната снимка.

„Тоа е неговата пирамида сега“, „О, цел Египет е негов“, „Тоа не е куче, туку Анубис (бог на подземјето, балсамирањето и задгробниот живот“) , гласи некои од коментарите.