Шефот на американската сајбер команда, генерал Пол Накасоне, тврди дека акциите на Русија и Кина претставуваат главна закана за безбедноста на западната хемисфера.
– Вистинската долгорочна закана е деструктивното влијание на Кина и Русија. Размислете за дипломатските информации, военото и економското влијание што двете земји го имаат на западната хемисфера. Нашата национална безбедност, нашата национална благосостојба, нашиот национален идентитет се многу тесно поврзани со овој регион. Понекогаш го забораваме тоа – рече тој на форумот организиран од претседателската фондација Роналд Реган во Калифорнија.
Тој додаде дека САД треба поблиску да соработуваат со партнерите во областа на сајбер безбедноста ќ, вклучително и испраќање на своите „сајбер тимови“ во други земји кои бараат помош од Вашингтон.
Накасоне, исто така, рече дека верува оти е важно да се обнови членот 702 од Законот за надзор на надворешно разузнавање, кој ќе и’ овозможи на Агенцијата за национална безбедност да собира лични информации на странци, како што се е-пошта и телефонски записи.