Во понеделникот во Судскиот совет се одржал работен колегиум, затворен за јавноста, на кој се отворила расправа за противзаконско продолжување на мандатот на претседателката на Судски совет.
Имено, членот на Судски совет Весна Дамева на ден 5.12.2022 година избрана е за Претседател на Судскиот совет, а мандатот и завршува на 5 12.2024 година, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
Членот 8 став (5) од Законот за Суски совет е многу јасен:
Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор. Сега дел од членовите , заедно со Дамева, се обидуваат на претседателката на Судскиот совет да И дадат бонус продолжување на мандатот од 8 месеци, како компензација за периодот во кој беше неделовнички разрешена од таа позиција во април 2023 година.
Со 9 гласа ЗА бил усвоен ваков незаконски заклучок на затворениот колегиум во Суски совет на 25.11.2024. Овој заклучок е спротивен на чл.8 од Законот за Суски совет, а истиот е и и без основа бидејќи со пресудата на Управниот суд од декември 2023 се поништи неделовничката одлука на Суски совет и со тоа истата не предизвикува правно дејство.
Да биде иронијата поголема, овој контраверзен записник на Суски совет, во кој со заклучок се предлага незаконско продолжување на мандатот на претседателката на Судскиот совет, сега не им се доставува на членовите кои гласале против. Циркус во боја. Судскиот совет наместо извор на право и судски стандарди стана создавач на неправо и политички клиентелизам.
Со ваквото работење Дамева и нејзинината коалиција во Суски совет можат да успеат само во едно, и онаа ниска доверба од 2% да ја паднат на уште пониско ниво“, додава Милошоски