На поранешниот министер за економија Крешник Бектеши му е продолжен притворот, потврди неговиот адвокат Еленко Миланов.
За истите околности му е изречена нова мерка притвор од 30 дена.
Миланов најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.
Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде досега животот го загубија 62 лица
Инаку, Обвинителството синоќа соопшти дека на сите осомничени кои се во притвор за кочанската трагедија ќе им бидат изречени мерки на претпазливост.
„По предлог на обвинителството, имајќи предвид дека на осомничените инволвирани во прелиминарната истрага им истекува притворот, истиот е укинат и изречена им е мерка на претпазливост. Мерката забрана за вршење на професијата е изречена во зависност од тоа дали осомничените сè уште се вработени или се во пензија”, се вели во решението на поранешниот министер за Крешиккутесе.