Други пак, ја прашаа дали може да се вработи како кума кога ќе има крштевка во нивните семејства
Кога Јени Саенз, музички уметник и диџеј од Венецуела, објави видео од крштевката на нејзиниот син Арата на социјалните мрежи, храбрата облека што таа ја избра за оваа пригода ги привлече сите погледи.
Како што се гледа на видеото објавено на TikTok, Јеини отиде до олтарот во прилично отворен и тесен бел фустан кој ги истакна нејзините облини. Таа снимка е веќе прегледана пет милиони пати, а пристигнати се и многу коментари.
Но, мислењата беа поделени.
Многумина рекоа дека фустанот е премногу храбар за таа пригода. „Така си дошла во црква?!“, „Во кој стриптиз бар работиш?“, „Боже Господе…!“, се дел од коментарите кои се појавија под видеото.
Но, други коментираа дека Јеини изгледа апсолутно убаво. Некои дури ја прашаа дали може да се вработи како кума кога во нивните семејства има крштевка.