Милијардерот Умар Камани, основачот на популарниот моден бренд „PrettyLittleThing“, се ожени со својата долгогодишна девојка Нада Камани на раскошна свадбена церемонија на француската ривиера. Свадбата траела четири дена, чинешла над 20 милиони фунти и вклучувала низа прослави и веселби.
Двете церемонии беа главните на кои младенците го кажаа вечното „ДА“, а првата и најважна се случи во петокот и Нада облече прекрасна венчаница од модниот бренд Диор, на која цел тим работеше со месеци, прво на идејата, а потоа и во изработка.
Убавата 31-годишна девојка изгледаше како вистинска модерна принцеза во фустан кој беше едноставен, но истовремено спектакуларен. Тоа го сакаше – креацијата да биде елегантна, но таа елеганција да изгледа ненаметливо и суптилно.
“Сакав венчаницата да биде детаљ сам по себе, деколтето, формата, линиите. Замислив фустан кој ќе го издржи тестот на времето, оставајќи чувство на грациозност и софистицираност што никогаш нема да излезе од мода.” изјави таа за Vogue Arabia.
Инспирацијата за венчаницата ја добила кога го видела легендарниот црн фустан што го носи холивудската актерка и принцеза од Монако Грејс Кели , веднаш препознавајќи дека тоа е естетиката што таа ја сака за себе.
„Го сакам деколтето на венчаница. Никогаш досега не сум видела венчаница со вакво деколте, па се чувствува уникатно“, изјавила Нада.
Три шивачки специјализирани за висока мода и една модуларна жена работеа на оживување на венчаницата од нејзините соништа, а беа потребни неверојатни 540 часа, исто време како и венчаниците на некои од најпознатите принцези и кралици на сите времиња.
Венчаницата била украсена и со огромен, проѕирен превез од тантела што придонел целата креација да изгледа поефективно. Невестата го заокружи изданието со комплет дијамантски обетки и нараквица и се одлучи за дискретна, но совршена шминка, а фризурата и беше едноставна, иако свечена.