Познатиот дизајнер Роберто Кавали не штеди пари кога се во прашање каприците и желбите на неговата љубовница Сандра Нилсон. Иако меѓу нив има голема разлика во години, Роберто и Сандра постојано нагласуваат дека многу си даваат поддршка еден на друг и уживаат во љубовта.
Сепак, забележливо е дека љубовта меѓу Сандра и Роберт процвета кога нејзината кариера почна да опаѓа. Некои заклучиле дека младата Сандра била со познатиот дизајнер само за пари, но нивната љубов трае повеќе од 14 години, а во март годинава добиле дете кое неа и било прво, а тој на возраст од 82 години го доби своето шесто дете.
Самиот дизајнер, кој се проценува дека вреди 500 милиони долари, ја потврди веста за италијанскиот магазин Novella 2000.
„Сандра е добро, а бебето, кое се роди пред една недела овде во Фиренца, е прекрасно. Беше многу емотивно да го видам веднаш по неговото раѓање“, рече Кавали.
Тој исто така откри дека на новородениот син му го дал името Џорџо, по неговиот татко, кој нацистите го убија на крајот на Втората светска војна.
„Неговото име е Џорџо, по неговиот дедо, татко ми, кој беше убиен од нацистите кога имав четири години“, рече тој.
Сандра е родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, а во модната индустрија почнала да се занимава уште од многу рана возраст.
На само 14 години, скаутите на една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – големи сини очи и кафена коса, што е реткост во нордиските земји.
Со текот на годините, таа освојуваше награди, меѓу кои Мис на ЕУ, Мис на светот на бикини, Мис на Хаваи и конечно најубава Швеѓанка, а беше и модел на Плејбој.
Дека сега ужива во луксуз, докажува и фактот што модниот дизајнер решил на својата девојка да и купи остров во Шведска со луксузна вила. Имено, Роберто на Сандра и купил викиншка тврдина од 11 век во Шведска на приватен остров, која чини 3 милиони евра.
Така Сандра Нилсон стана нова сопственичка на остров во својата татковина, недалеку од Стокхолм. На островот има и прекрасна вила со четири спални соби, ловиште, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина, пишува Daily Mail.
Покрај тоа, поранешната манекенка може да трча до крај на негуваните патеки на островот долги 1,5 километри, а островот има и приватен пристаниште со траект кој може да прими 10 луѓе.
Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога се развел од сопругата во 2010 година, а заедно наводно се од 2014. Тој истакна дека мирот го нашол со младата убавица, а таа е неговата муза, неговата вистинска љубов и дека не му е грижа за разликата во годините.