Славонскиот второлигаш Зрињски од малото гратче Јурјевац е вистински хит сезонава – се наоѓа на второто место на табелата со големи амбиции за иднината.
Сопственик на Зрињски е претприемачот Иван Комак, кој привлече внимание со изјавите дека ќе го пресели клубот во Загреб и дека планира да биде подобар од Осиек.
– Сакам заедно со Вегета да имаме уште два големи хрватски бренда. Сакам Блек Радлер да биде број еден во светот а јас сакам да бидам број еден во светот во фудбалот. Пред 16 години бев ѓубреџија, помошен работник и ми текна дека можам да бидам светски шампион. Денеска годишно вложувам околу 600 илјади евра во клубот – изјави тој во емисијата „Спорт Неџељом“.
– 75 проценти од талентите по селата не се откриени. Треба да се откријат, а притоа не се работи за пари, туку за знаење. Ќе потрошам пет пати помалку од Осиек и ќе бидам пред нив. Градоначалникот ќе го назначам за две години, а владата за четири. Затоа што кога ќе постигнеш резултат во економијата и фудбалот, тогаш тоа значи дека нешто знаеш – рече Комак.