Анонимна девојка на социјалната мрежа Reddit (Редит) открила дека е во љубовна врска шест години, а неодамна дознала дека нејзиниот партнер е всушност нејзиниот брат. Девојката кажува дека сега се чуствувала „чудно“ дури и кога зборува за тоа, пишува Daily Star.
„Само што дознав дека шест години сум во врска со мојот биолошки брат. Јас имам 30, а брат ми има 32 години. Ќе го наречам мој дечко додека го пишувам ова. Се чувствувам чудно. Бев посвоена како бебе, но до средно не знаев дека сум посвоена“, напишала во објавата анонимната девојка која открила дека и нејзиното „момче“ е посвоено, што е една од работите поради што тие биле толку блиски.
„Двајцата дознавме дека сме посвоени дури во средно училиште, но и двајцата имавме среќа што имаме добри семејства кои не воспитуваа. Не префрлаа од згрижувачи на згрижувачи. Нашите односи беа и остануваат одлични. Од самиот почеток добро се разбиравме и брзо се привлекувавме“, објаснила таа во објавата.
Девојката кажала дека никогаш не сретнала некој кој толку веднаш бил привлечен кон неа. А причината зошто таа се чуствувала толку удобно покрај него сега веќе е очигледна.
Таа објаснила како правеле се во нивната врска, од секс до славење годишнини, а исто така и редовно си изјавувале љубов. Кога ја открила вистината откако направила ДНК тест, била целосно шокирана.
„Бев возбудена кога дознав од каде доаѓаме, но пред да стигнам таму – видов дека јас и моето момче всушност сме брат и сестра. Бев во најмала рака шокирана. Само што дознав за оваа информација и се уште не сум му кажала на момчето“, напишала таа.
Иако била изненадена од резултатите, сето тоа имало смисла бидејќи многумина им кажале дека си личат еден на друг. Таа сè уште се надева дека тестот бил погрешен и планира да го повтори во блиска иднина. Корисници на социјалната мрежа Редит (Reddit) исто така биле шокирани од приказната.
„Не се тие виновни, но не можат да останат заедно“, гласел еден коментар, додека друг кажал: „Во светот има седум милијарди луѓе, какви се шансите тоа да се случи“, пишува Daily Star.