Ламар Џонсон помина 28 години во затвор поради злосторство што не го направил. Сепак, тој имаше другарка со која се допишувал Џини Шрапен, која му ја давала силата што му била потребна во тоа време.
Да имаш некој што верува во тебе може, и покрај се, да значи многу за една личност. За Ламар Џонсон, другарката со пкоја се допишувал по име Џини Шрапен беше трошка надеж бидејќи помина 28 години во затвор за злосторство што не го направил.
„Се чувствувм како тежината од 28 години полека да се крева“, изјави Џонсон, кој сега има 49 години, за Вашингтон пост откако судијата во Мисури ја поништи неговата пресуда за убиство од прв степен. Писмата на Шрапен го спречуваа да ја изгуби надежта околу 25 години.
Приказната за нивното пријателство започна пред четврт век, кога свештеникот во црквата ѝ го проследил писмото напишано од затвореник кој се обратил до епархијата со надеж дека ќе добие одговор. Затвореникот бил Ламар Џонсон, кој тогаш отслужувал доживотна затворска казна во затвор во Мисури. Таа изјави за CBS News: „Тој беше во затвор за убиство. Ме обвинуваа дека сум наивна, и тоа е во ред. Не бев загрижена.
Шрапен и Џонсон континуирано се допишувале во следните две децении. Според неа, од самиот почеток знаела дека Џонсон е невин за обвинението за убиство. Потврдувајќи ја нејзината интуиција, државата Мисури го прогласи Џонсон за невин по интервенцијата на Midwest Innocence Project и признанието на вистинскиот убиец. Џонсон беше ослободен и пуштен од затвор.
Откако излегол од затвор на 50-годишна возраст, Џонсон конечно имал можност да ги прави работите што копнеел да ги прави додека бил во затвор. Тој отиде да ја посети својата пријателка. Беше многу топло добредојден. Според Џонсон, највредното нешто што му го дала неговата пријателка е вербата во себе.
Тој рече: „Особено кога некој е невин, сакате некој да верува во вас. Затоа што кога имате луѓе кои веруваат во вас и нема да се откажат од вас, тогаш ви е потешко да се откажете од себе“.