Данската тенисерка Каролина Вознијацки , која некогаш беше најдобра на планетата и го држеше првото место на ВТА листата во октомври 2010 година, сега е бремена по трет пат, објави таа на социјалните мрежи.
Таа го очекува своето трето дете со сопругот Дејвид Ли , а од тенисот се повлече минатиот август кога го одигра последниот меч во кариерата на УС Опен.
На социјалната мрежа Инстаграм таа напиша кратка порака во која откри дека семејството чека ново бебе.
– Нашето семејство не може да биде посреќно, бидејќи наскоро го очекуваме бебето број три – напишала Каролина .
Во текот на кариерата освои 30 ВТА титули, а веќе има син и ќерка заедно со Дејвид Ли . Таа беше и на насловните страници на „Вога“ и други модни списанија.