Холандскиот тренер Арне Слот потврди дека следната сезона ќе стане тренер на Ливерпул.
Сега веќе поранешниот тренер на Феенорд најави дека ќе го наследи Јирген Клоп .
– Можам да потврдам дека од следната сезона ќе бидам тренер на Ливерпул – изјави во петокот Слот.
– До сега не размислував за тоа, го чекав нашиот последен натпревар овде, но сега можам да кажам. „На почетокот на неделата, само размислувате за тренинзи и други работи “, вели Слот.
Феенорд оваа сезона ја заврши на второто место во холандскиот шампионат зад ПСВ.
– Сега чувството е посилно, затоа и задоцнив на оваа конференција, бидејќи сакав лично да се поздравам со некои луѓе и да им посветам време, а не само да се ракувам. Разбирам дека резултатот е важен, но навистина е убаво кога чувствувате дека на луѓето им е жал што заминувам .
Слот последен пат ќе го предводи Феенорд в недела во Ротердам против Екселзиор.
Заминувањето на актуелниот тренер го потврди и Феенорд.
– Ерата на Арне Слот се ближи кон крајот, да уживаме во нејзините последни моменти – напишаа во петокот од клубот.