Американската ФДА, наводно, одобрила Neuralink да изврши втора процедура за додавање имплант во мозокот.
Neuralink ќе може хируршки да го додаде својот уред во мозокот на друг пациент. Извештаите сугерираат дека компанијата дала одобрение за втора процедура, откако Ноланд Арбо стана првиот човек со мозочен имплант.
Илон Маск минатата недела објави дека компанијата прифаќа апликации за втор пациент, кој ќе биде подложен на процедурата.
Дополнително, Neuralink наводно пронашла потенцијално решение за проблемот што предизвикал дефект на имплантот еден месец откако бил вграден во мозокот на првиот пациент.
Neuralink, наводно, вели дека ќе го стави чипот подлабоко во мозокот на пациентот за да го спречи неговото движење, што беше главниот проблем во случајот на Ноланд Арбо.
Neuralink планира да ја изврши втората операција во јуни а досега повеќе од 1000 луѓе се пријавиле за шанса да учествуваат во овој тест проект.